Како до совршени веѓи?

Thursday, February 08, 2018


Веѓите беа апсолутен тренд и главна тема на разговор изминативе години, но не престанаа да се точка на фокус кој верувам дека ќе продолжи да владее и понатаму. За разлика од претходно кога се создаваа "инстаграм" веѓи кои на фотографија изгледаат совршено додека во живо изгледаат малку пренападно, оваа година вниманието е насочено кон создавање на поприродни, но убаво пополнети и средени веѓи.

Многумина постојано ме прашуваат што правам јас за да ги добијам моите веѓи. Искрено, им посветувам минимално внимание бидејќи тие се веќе густи и имаат некоја своја природна форма која мене ми се допаѓа. Она што правам е ги отстранувам тие неколку влакненца кои излегуваат од линијата која ја имам поставено, потоа ги пополнувам празнините со сенка за веѓи и потоа ја истакнувам нивната форма со коректор. Она на кое што посветувам најмногу време е лакот на веѓите бидејќи ми се допаѓа кога е дефиниран и благо заоблен.

Исто така сакам да напоменам дека никогаш не пробувам да ги направам веѓите идентични една со друга бидејќи природно ми се разликуваат и не се симетрични. Ги прифаќам онакви какви што се и се трудам секоја за себе да биде најдобрата верзија од себе, бидејќи така ми се ,за мене, најубави.



Веќе подолго време за исцртување на веѓи користам eyebrow shadow двојната сенка за веѓи од Aura и тоа во најсветлата нијанса и за нанесување на сенката користам тенка четкичка од Aura која најмногу ми одговара и со која најлесно ја завршувам потребната работа. Но, сакав да ја пробам новата колекција од Aura наменета за создавање на совршените веѓи се состои од моливчиња, пигменти во прав и гел за фиксирање.

Моливчињата за веѓи BROWMATIC се тенки, лесни, со механизам за вртење и со четкичка за исчешлување. Овој производ е наменет за прецизно исцртување и обликување на веѓите без разлика на нивната форма и густина. Овие моливчита доаѓаат во три нијанси и тоа во најсветлата blonde, потоа brunette и најтемната dark brunette. Овие моливчиња нудат 0,09 гр производ кој трае 24 месеци и чија цена е 325 денари.


Иновативните пигменти во прав BROWART се наменети за создавање на интензивни и густи веѓи но на софистициран и природен начин. Апликаторот е во вид на издолжено сунѓерче со кое се нанесува пигментот во прав на оние места каде сакате да пополните. Производот лесно се блендира и дава прекрасен ефект на полни и обликувани веѓи. И овие пигменит доаѓаат во три нијанси и тоа во најсветлата blonde, потоа brunette и најтемната dark brunette. Овој производ нуди 1 грам пигмент кој трае 6 месеци и чија цена е 409 денари.


Гелот за фиксирање BROWFIXGEL е последниот чекор и ќе ги доведе и најдивите влакненца во ред и ќе ви гарантира дека ќе останат на свое место во текот на целиот ден. Овој производ нема боја и можете да го користите без разлика дали ќе ги изцртувате вашите веѓи или ќе го прескокнете тој чекор доколку сметате дека е непотребен. Овој производ нуди 4,5 мл гел кој трае 6 месеци и чија цена е 215 денари.

во оваа фотографија за моите веѓи користев browmatic моливче за веѓи & browart пигмент во нијанса dark brunette

За создавање на совршените веѓи се потребни неколку чекори. Прво, отстранете ги несаканите влакненца и дефинирајте ја посакуваната форма. Потоа, со четкичката на моливчето исчешлајте ги убави и со моливчето пополнете ги местата каде има празнини. Трикот е да користите посветла нијанса на почетокот на веѓата додека потемната нијанса да ја користите за истакнување на лакот. Доколку сакате поисполнети и погусти веѓи користете го пигментот. Следно, земете коректор и исчистете ја линијата на веѓата. За крај, фиксирајте ги со гелот за фиксирање и уживајте во нивната совршеност.

Бидејќи долго време користев сенка за дефинирање на веѓите, бев скептична кон моливчињата и не го разбирав пигменотот. Но, од кога ги пробав и си поиграв со нив, можам со сигурност да кажам дека навистина се лесни и едноставни за користење и го постигнуваат посакуваниот ефект на убави и исполнети веѓи. Се зависи од она што вие преферирате, дали сенка, дали моливче или само пигмент. Доколку сакате да создадете тенки линии кои ќе имитираат влакненца, одберете го моливчето. Доколку сакате исполнетост која ќе изгледа природно, одберете пигмент. Доколку сакате комбинација од моливче и пигмент, земете сенка и со четка внимателно и трпеливо нанесувајте. Можете да ги користите и трите, или ниту еден. Се зависи од вас и од кој изглед сакате да го постигнете. Како и да е, не заборавајте да ги фиксирате со гелот за фиксирање, за да останат на свое место во текот на целиот ден.

Веѓите се рамка на лицето, тие можат да ја разубават или да ја уништат вашата слика. Посветете им малку повеќе љубов и внимание и забележете ја разликата која ќе ве фасцинира. Ќе бидете благодарни за тој екстра чекор во вашата рутина на шминкање и повеќе нема да можете да се замислите себе со поинакви од совршени веѓи.

You Might Also Like

0 comments