Омилени веган козметички производи за оваа пролет!

Wednesday, April 25, 2018


Пролетта е совршено време за реинвенција, обновување на стари и започнување на нови рутини. Оваа пролет јас решив повеќе да се фокусирам на производите за подобрување на мојата кожа и коса, бидејќи сметам дека тоа треба да биде приоритет во овој период на нагли временски промени и непредвидливи временски услови кои понекогаш знаат да остават длабок отпечаток и непосакувани, видливи резултати.


Секогаш започнувам со чистење на кожата. За деновите кога не чувствувам дека има потреба од длабинско чистење (за повеќе линк тука) ја користам мојата најомилена Balea мицеларна вода за чистење на лице. Ја освежува мојата кожа, длабиснки ја чисти, ја штити и ја негува. Оваа мицеларна вода е со пантенол, глицерин и вода од хамамелис. Одлична е за комбинирана и чувствителна кожа и не можам да си го замислам почетокот на денот без неа.


Следна е дневната крема од Balea за дневна нега на кожата. Веќе сум при крај со првата и сакам повторно да си ја купам. Кожата ја прави свиленкаста и мека, веднаш се забележува подобрување и оптимизирање додека пак порите и линиите се видливо намалени. Остава прекрасно чувство и брзо се впива. Оваа крема често ја користам и како прајмер пред да почнам со шминкање.


Една од работите кои најчесто заборавам да ги направам е да нанесам е балсам за усни. Овој балсам за усни од Balea го користам од претходното лето и ми е дефинитивно најомилен. Има прекрасен егзотичен мирис на кокос и ванила што за мене е совршена комбинација, патем ги заштитува, негува и храни усните со витамин Е. Секогаш го носам со мене и пробувам да го нанесам неколку пати на ден.


Следна е оваа Balea крема за раце која, да бидам искрена, за купив затоа што ме фасцинираше нејзиното пакување. Но, она што ме натера да се заљубам во неа е нејзиниот мирис, начинот на кој совршено се впива во кожата и како ја прави еластична за брзо време. Оваа крема е со екстракт од оризово млеко и мирис на цвет од цреша. Не само што изгледа и мириса прекрасно, дефинитивно ја препорачувам на секој кој сака меки раце.


За крај, она што долго време го барав а тоа е интензивна ноќна крема која ќе ја регенерира кожата на лицето во текот на целата ноќ. Оваа ноќна крема од Alverde е создадена со комбинирање на сончогледово и бадемово масло и органски одгледуван чиа путер. Дефинитивно ја препорачувам на секој кој е во потрага по ваков тип на крема, резултатите се забележуваат уште при првото нанесување и станувате зависни од неа.

Се започнува со правилна грижа, посветувајте и доволно внимание на вашата кожа, а таа ќе ви возврати со прекрасни резултати. Нема ништо поубаво од здрава, сјајна и кожа полна со живот, а за нејзина грижа се потребни по неколку минути секој ден. И секако, не заборавајте да се храните здраво и да пиете многу вода.

Имајте прекрасен ден, се читаме набрзо со нов блог пост!



You Might Also Like

0 comments