The Ultimatte Revolution

Wednesday, October 17, 2018




Интересна е моќта на добриот кармин. Дава доволно количество на самодоверба за да се чувствувате прекрасно во текот на целиот ден. Кога станува збор за кармини, она што јас преферирам е да е течен, мат и долготраен, па затоа навистина бев возбудена и пресреќна кога настапи новата колекција на течни кармини од српскиот бренд AURA која е со фокус баш на овој тип кармини.


Она што прво ќе го забележите е прекрасното црно пакување од квалитетна пластика каде што со транспарентни букви е испишано Ultimatte Revolution и под кои се забележува нијансата на течниот кармин, а има транспарентен правоаголен "прозорец" низ кој подобро се забележува нијансата и доколку се подредат кармините едни до други убаво се забележува разликата во боите. Овој течен кармин се нанесува лесно, прецизно и рамномерно низ целата површина на усните, нешто што е помогнато од интересниот апликатор кој до сега го немам сретнато баш во оваа форма.


Формулата е кремаста и нуди висока пигментација, збогатена е со масло од јојоба што додава дополнителна хидратација, создава чувство на удобност и ефект на свиленкасти усни. Со тек на време се суши полека и се добива прекрасен мат финиш. Освен тоа што е мат, долготраен и лесен за нанесување, ми се допаѓа што воопшто не се чувствува на усните како што вообичаено тоа чувство го создаваат слични течни, мат кармини. Да не заборавам да додадам дека уште од самото отварање на производот можете да го почувствувате прекрасниот благ мирис што мене ми е еден од омилените кога станува збор за козметички производи.


Оваа колекција нуди 13 различни нијанси, од најсветла nude до најтемна vamp варијанта, а секоја од нив нуди 7ml производ за цена од 360 денари. Искрено, не можам да одберам една, најомилена, затоа што во целата колекција има соодветна нијанса за секоја пригода. Овој кармин го нанесувам директно на усните, без претходно да ги исцртам со моливче, што за мене е доволен знак дека ми се допаѓа карминот, му верувам на неговата издржливост и пигментација. Од кога ќе се исуши не остава траги на чаши и слично што е дополнителен плус.

AURA Ultimatte Revolution 903 Dandy


Дефинитивно станува збор за прекрасен must have производ кој вреди да се додаде во вашата makeup колекција и верувам дека ќе стане дел од сечија дневна и вечерна рутина на шминкање. Ги препорачувам овие кармини и со сигурност можам да кажам дека ќе ви се допаднат до оној степен што ќе посакате да ги имате сите нијанси од целата колекција.

You Might Also Like

0 comments