Кремасти стикови и други интересни трикови.

Tuesday, February 12, 2019


Искрено, веќе долго време ги имам овие стикови и никако да се решам да ги пробам. Причината за тоа мое несоодветно однесување е тоа што не можам да се замислам да користам кремасти производи кои се со оваа намена. Но, конечно решив да излезам од мојата досадна комфорт зона и да им ја дадам шансата која знам дека ја заслужуваат. Ова се моите импресии од оваа моја мала и неочекувана авантура.


За почеток, неколку општи информации. Оваа колекција на стикови содржи два хајлајтери, три руменила и три стикови за контурирање. Секој од нив нуди 6.5 грама производ, трае 18 месеци од самото отварање и има цена од 369 денари. Пакувањето нуди стандарден тренди дизајн кој одговара со останатите производи од брендот, направено од убава квалитетна пластика, со транспарентно капаче и долен дел на завртување кој е обоен во нијансата која е соодветна за стикот.


Она што прво се забележува кај овие стикери, освен нивниот надворешен изглед, е нивниот прекрасен мирис. Обожавам козметика која мириса убаво, па затоа веднаш ме оставија позитивен впечаток. И најинтересниот дел е тоа што хајлајтерите мирисаат благо, руменилата овошно, додека стиковите за контурирање мирисаат на какао. Секој од овие стикови се нанесува лесно, беспрекорно и рамномерно, веднаш се чувствува кремастата структура и се забележува солидниот пигмент.

AURA Sheer Stick Creamy Highlighter. Хајлајтерите, со кои се добива свеж и радијален ефект, доаѓаат во две нијанси, едната која се вика Night Life е бисерно бела, додека другата го носи имет Skyfall и е розевo златна. Формулата на овие хајлајтери е збогатена со гроздови семки и путер од какао кои помагаат со хидратација и нега на кожата.

AURA Cheek Stick Juicy Blusher. Руменилата кои се наменети за создавање на здрав и одморен изглед и доаѓаат во три нијанси, Cocktail Peach која е во нијанса на праска, Coral Party која е со корална нијанса и Pink Breezer која е во розева нијанса. Збогатени се со витамин Ц, масло од јојоба и шиа путер. 

AURA Quick Stick Shading & Contouring Duo. Со стиковите за контурирање можете да создадете доаѓаат во три нијанси и тоа во Light, Medium и Dark односно во светла, средна и темна нијанса. Овие стикови за контурирање се поделени на половината со светла и темна нијанса, со који може да се добие природна дефиниција на цртите на лицето со мат финиш. Исто како и кај руменилата, и овие стикови се збогатени со витамин Ц, масло од јојоба и шиа путер.


Моето искуство би сакала да го започнам со стиковите за контурирање. Сметам дека затоа што се поделени на половина со светла и темна нијанса, ја комплицираат апликацијата затоа што се многу блиску една до друга и лесно се мешаат. Овој проблем го решив со тоа што го извртев стикот до максимум за да имам поголема површина од производод за време на нанесувањето, па прво нанесов од темната страна, го изблендирав па нанесов од светлата под создадената контура. За блендирање на производот најубаво ми одговараше Expert Face Brush од Real Techniques, но може да се користи и бјути блендер или сунѓерче за блендирање. Би ве советувала да бидете нежни и внимателни додека блендирате и да се обидете да ги задржите нијансите онаму каде ги имате нанесено.


Руменилата се во ред, ме потсеќа на времето кога ја гледав мајка ми како нанесува малку кармин на јаболчниците за да додаде боја која одговара со бојата на усните. Хајлајтерите ми се допаднаа најмногу. Даваат убав одблесок и природен изглед. Доколку некогаш сакам да додадам поинтензивен хајлајт на лицето, би го нанела стикот па врз него би нанела од мојот омилен хајлајтер во прав.

Заклучок: oвие производи се совршени за оние кои не сакаат или немаат потреба да нанесуваат пудра на лицето и што сакаат да создадат природен, минимален, здрав изглед на лицето. Друга опција е за оние кои сакаат интензивни контури, па да го нанесат по нанесувањето на течната пудра, но пред да го сетираат лицето со производи во прав. Јас сум некаде помеѓу овие две и сакам да користам само производи во прав, но дефинитивно би продолжила да си играм со овие стикови и да ги видам сите опции коги ги нудат, особено во летниот период кога кожата ми е потемна и не сакам да носам пудра.


Дали вие ги имате пробано овие стикови? Кое е вашето мислење и како ги коирстите?
Оставете ми коментар подоле или пишете ми фејсбук или инстаграм. (:

You Might Also Like

0 comments