Кои се најдобрите тушеви за очи од локалната дрогерија?

Saturday, March 02, 2019


Тушот за очи, или како што понекогаш го нарекуваме - ајлајнер (eyeliner), е еден од првите производи во кои се имам заљубено и кои ме имаат вовлечено во светот на шминката. Она што го барам од тушот е да биде високо пигментиран, долготраен, лесен за нанесување, да не се размачкува, да има пристапна цена, да биде cruelty free и веган. 

Она што најмногу ми се допаѓа кај тушот е тоа што може да го издефинира но и комплетно да го промени изгледот на окото, но и на целиот изглед на шминката, во зависност од нашите желби и барања. Од класичен cat eye со интензивни усни, до романтичен smokey eye, тушот за мене ја претставува црешата на шлагот, нешто без кое ретко создавам еден makeup look.

btw инспирирана од овој блог пост снимив ново видео The Power Of The Bold Eyeliner! во кое можете да ја видите моќта на таа прекрасна, високо дефинирана, интензивно црна линија.


Иако секогаш сум расположена да пробувам нови производи, имам еден тип на омилена четкичка која навистина ми помага да ја постигнам совршената линија. Колку и да пробувам да бидам авантуристична, секогаш се враќам на онаа чии влакненца се тенки и долги бидејќи ми е најлесна за користење, со неа можам најпрезицно и со висока контрола да ја исцртам посакувана линија. Ова се моите најомилени тушеви за очи од локалната дрогерија:


Trend It Up Ultra Black Liquid Eyeliner 

3 ml за цена од 173 денари и рок на траење 6 месеци. 
Овој туш го користам повеќе од година и пол и веќе сум при крај со третото пакување и дефинитивно би си го купила повторно. Лесно се нанесува, брзо се суши, не се размачкува, долго трае и остава мат финиш. Го обожавам и ако морам да одберам еден, најомилен, тоа би бил овој туш. Водоотпорната верзија на истиот туш, која моментално е на промоција за 143 денари во сите дм дрогерии, ја пробав пред некое време и искрено ја преферирам "нормалната" иако се беше исто но, отстранувањето на тушот беше помачно, особено во делот помеѓу трепките. 


Aura Wing it up Eyeliner 
6 ml за цена од 205 денари и рок на траење (од кога ќе се отвори) 6 месеци. 
На второ место би го поставила овој туш од Аура. Еден од моите најомилени тушеви за секојдневна употреба, дефинитивно ја има совршената четкичка за нанесување со која лесно, едноставно и прецизно ја создавам посакуваната (нај)тенка линија која има сјаен финиш. Од овој туш има и соодветна верзија создадена за чувствителни очи. За деталната рецензија за овој ајлајнер кликнете тука. Единствената замерка ми е тоа што не е мат, туку е сјаен.


Wet n Wild megaliner Liquid Eyeliner 

3.5 ml за цена од 249 денари и рок на траење 6 месеци. 
Овој туш ми беше препорачан од многу девојки и бев возбудена да го пробам. Апликаторот е невообичаен за мене, во вид на тенка, флексибилна сунѓереста четкичка. Неколку пати го пробав, ми се допаѓаше, но и ми беше тежок за користење, па затоа не го користев често. Фотографот Ерина Богоева, која обожавам да ја следам на нејзиниот инстаграм и блог, вели дека овој туш е нејзиниот најомилен и дека го користи со години. Верувајќи на нејзиниот збор и препорака, го пробав повторно, и успеав да создадам беспрекорно дефинирана тенка мат линија со само едно повлекување на истата и користење на минимално количество на производ од тубата. Ме остави без зборови. Така да ако ви одговара овој тип на апликатор, овој туш дефинитивно е за вас. 
За целосна рецензија на сите производи од Wet n Wild можете да прочитате тука.  


Catrice Cosmetics Rock Couture Vinyl Black Liquid Liner 

2.2 ml за цена од 219 денари и рок на траење 6 месеци 
Да бидеме искрени, првото нешто кое го забележав и кое ме привлече кај овој производ е неговото пакување, неговото име и името на нијансата - Blackest Sabbath. Освен тоа, четкичката е тенка, прецизна и лесно нанесува доволно производ. Она што го забележав кај овој производ е тоа што навистина брзо се суши, но е интензивен, долготраен и дава сјаен финиш. 


NYX Matte Liquid Liner 

2ml за 620 денари и рок на траење од 12 месеци. 
Иако ние немаме NYX во нашите дрогерии, сепак ќе го споменам овој туш затоа што сепак се води како дрогерски производ кој може да го најдете онлајн или во било која дрогерија надвор од државава. Четката е онаква каква што барам, тенка, долга и прецизна, финишот е мат и производот е долготраен, но не би го купила повторно затоа што сметам дека цената е превисока за туш за очи. 

Но, долколку не сте фан на течните тушеви, и преферирате туш во форма на маркер, пробајте ги овие што ќе ги спомнам подоле. Јас би сакала да сум една од оние кул луѓе кои знаат како со леснотија да нанесуваат туш во форма на маркер, но за жал не сум. Искрно, полесно ми е да користам течен туш, но формулата на овие подоле кај и да е ќе ме натера да вежбам и да ја усовршам апликацијата.. можеби еден ден во блиска иднина, кога ќе имам повеќе трпение. :)


Aura Black & Perfect Eyeliner Pen

1,2ml за цена од 312 денари и трае 6 месеци од неговото отварање. 
Овој туш има прекрасен изглед, како и сите производи од овој бренд. Апликаторот е мек, едноставен и прецизен за користење, дава солидна покривност и е долготраен. Остава сјаен финиш. 

Aura Matte & Skinny Eyeliner Pen 

1,2ml производ за цена 305 од денари и трае 6 месеци од неговото отварање. 
За разлика од претходниот, има помал апликатор со кој може да се создаде потенка интензивно црна линија со мат финиш. Брзо се суши, водоотпорен и не се размачкува.


Kога и да сум била расположена за туш во форма на гел, го користев Aura Black Up Gel Eyeliner (моментално има цена 169 денари) кој патем доаѓа со своја четкичка. Ги пробав и Trend it up graceful feminity eyeliners кои се одлични за оние кои не сакаат интензивна линија, сакаат мат и задимен финиш, што е одличен за создавање нежни и романтични изгледи. Во моментов го користам овој од e.l.f. во нијанса black, но го имам и во нијанса teal tease за кога ќе сакам да додадам малку боја. Она што барам од гел туш е да е кремаст, пигментиран, мат, долготраен и лесно да се нанесува. За нанесување на тушевите во форма на гел, важна е четкичката со која ги нанесувате, јас ја користам мојата од Sigma Small Eye Liner - E10

Bold eyeliner with the help of wet n wild megaliner <3
За совршено нанесен туш на очи е потребно трпение, упорност, вежбање но и да имате квалитетен производ кој ќе ви ја олесни работата и кој ќе ви одговара на вашите барања и потреби. Секогаш започнете со нанесување помалку производ и продолжете со градење на дебелината на линијата онака како што вас ви се допаѓа најмногу. Мојот трик е дека секогаш, пред да нанесам течен туш, со рамна четкичка и малку кафена или црна сенка нанесувам пробна линија која потоа ми служи како водилка за онаа вистинската која ја исцртувам со тушот. Имам постаро видео на мојот јутуб канал каде детално објаснувам како ја создавам совршената линија со течен туш, па доколку сакате да го погледнете кликнете тука

Дали вие користите ајлајнер? 
Кој е вашиот омилен?

You Might Also Like

0 comments